Дали од брзање потфрли кривичниот суд или осеќа слабост кон знамето на Голема Албанија, за да донесе ваква пресуда?
07/08/2025 23:51
Во уште еден провиден и понижувачки чин на правна капитулација, македонските институции уште еднаш докажаа дека казната не зависи од тежината на делото, туку од националната припадност на сторителот. Човек кој јавно истакна знаме на „Голема Албанија“, симбол што директно повикува на распарчување на државата, доби смешна условна казна и само петгодишна забрана за влез – иако, како што дознаваме, истиот поседува и македонски пасош.

Значи, наместо да биде осуден за поттикнување етничка омраза и удар врз уставниот поредок, тој се спаси со „условна“, додека МВР го прикажува како некаков „германски државјанин“. Што е тука германско, освен обидот да се замачка вистината?
Ова е национално понижување. Додека државата демонстрира сила кај ситни прекршители и медиумски несогласувања, за вистинските провокатори применува менталитет на простување – особено ако се дел од политички чувствителна етничка група. Се поставува прашањето: ако некој истакнеше знаме на „Голема Србија“ или „Македонија до Костур“, дали ќе добиеше истата „условна“ нежност од судот?
Со вакви пресуди, правосудството поттикнува нови радикализации, наместо да го штити јавниот ред и мир. Не само што ова не е превенција – ова е легитимирање на екстремизам, под изговор на етничка „сензитивност“.
Срамно, понижувачко и опасно. Ако државата не го брани сопствениот интегритет, кој ќе го брани?






