Трамп: Средбата со Путин е чекор кон мир
11/08/2025 20:17
Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека претстојната средба со рускиот лидер Владимир Путин во Алјаска ќе биде можност за „конструктивни разговори“ и проценка на можностите за мир во Украина.
Трамп истакна дека целта е да се постават параметрите за идна директна средба меѓу Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски, додавајќи дека веднаш по разговорите ќе ги информира Киев и европските партнери.
„Јас правам договори – тоа е мојата работа“, изјави Трамп, сугерирајќи дека можно решение би вклучувало територијални компромиси. Тој нагласи дека присуството на Путин во САД е „знак на почит“ и порача дека војната никогаш немаше да започне доколку тој бил на власт.
Средбата во петок ќе биде прва посета на Путин на САД од 2015 година. Трамп во понеделник погрешно рече дека „оди во Русија“ додека разговараше за самитот, иако го пофали и фактот дека Путин доаѓа во САД, а не обратно.- Појаснија од кабинетот на Трамп.





