Ужас: Малолетници со метални предмети нападнале 14-годишно момче во Кисела Вода
11/08/2025 14:46
Четиринаесетгодишно момче било физички нападнато од група малолетници на трим патека во Кисела Вода, при што напаѓачите носеле и метални предмети. Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.
-На 10.08.2025 во 14:30 часот во СВР Скопје, Д.Х.(54) од Скопје пријави дека на 09.08.2025 околу 22:30 часот на трим патека на подрачје на Кисела Вода во Скопје, неговиот 14-годишен син, додека бил со неговиот брат и другарка, по претходна расправија, бил физички нападнат од повеќе малолетници, кои ги познава и кои носеле и метални предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се вели во соопштението на МВР.





![МВР: Крвава престрелка во Тетово – едно лице убиено, четворица повредени, меѓу нив и малолетничка policija-mk-777x437-225346[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/policija-mk-777x437-2253461.jpg)
![Тепачка меѓу вработени на патарината Миладиновци patarina[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/06/patarina1.jpg)