MKinformer

your daily dose of news

МВР со детали за несреќата утрово кога лим падна врз велосипедист на патека

15/07/2025 14:10

Полицијата со детали за инцидентот кој се случи утрово на пешачка патека во Скопје.

– На 15.07.2025 околу 7.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на пешачката патека на ул. “Даме Груев” во Скопје, додека С.П. (64) се движел со велосипед, врз него паднал лим од заштитна ограда со која е оградено градилиште. С.П. со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Ургентен центар за укажување лекарска помош, потврдија од полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Според сведочења на граѓани, лимената конструкција се одвоила поради силниот ветер.

error: Содржината е заштитена од копирање !!