MKinformer

your daily dose of news

Делови од Партизанска денес без вода, дел од индустриска зона Визбегово без струја

11/08/2025 8:42

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:

– во периодот од 09.00 до 13.00 часот корисниците на улица кај керамика Имола под обиколницата во Визбегово (општина Бутел).

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач (шибер) од ф 200 мм на булеварот Партизански Одреди бб (до поликлиника Букурешт), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од булеварот Партизански Одреди, на потегот од поликлиника Букурешт до бензинска пумпа ОКТА, општина Карпош.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!