MKinformer

your daily dose of news

Делови од Скопје денеска без струја и вода

14/05/2026 8:48

За денеска се најавени прекини во електро- и водоснабдувањето во повеќе делови од Скопје.

Од ЕВН Македонија АД информираат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа без струја ќе останат дел од корисниците во Гази Баба и Ѓорче Петров.

Во периодот од 08:30 до 12:00 часот, прекин на електричната енергија ќе има за дел од корисниците на улицата „Благоја Стефковски“ и дел од булеварот „Александар Македонски“ во Општина Гази Баба.

Од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат и дел од корисниците на улицата „95“ во Волково, во Општина Ѓорче Петров.

Прекин е најавен и во водоснабдувањето. Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопштуваат дека поради дефект на затворач Ф-300 мм на улицата „Женевска“ бб, кај последна 24-ка, без вода ќе останат повеќе улици во градот.

Прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Женевска“, „Партизанска“ крак 1, дел од „Софиска“, „Бриселска“, „Петар Драганов“, „Његошева“, „Стокхолмска“, „Гаврил Лесновски“, како и дел од булеварот „Партизански одреди“ на потегот од мостот ОН до „Московска“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот и ќе трае до завршување на санацијата на дефектот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!