MKinformer

your daily dose of news

ДЕЛОВИ ОД КАРПОШ, КИСЕЛА ВОДА И АЕРОДРОМ ДЕНЕС БЕЗ ВОДА

13/05/2025 9:44

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и Канализација – Скопје, информира дека денеска од 9 часот без вода ќе бидат дел од жителите на Карпош.

– Од 9:00 часот поради изведување на водоводен приклучок Ф100 мм на улица Демир Трајко 64а ќе има прекин на вода на следните улици Демир Трајко, дел од ул.Ванчо Мицков и Бул.Партизански Одреди на Крак 1,3, 5,7,9,11 до завршување на истиот, се наведува во соопштението.

Од 9 часот прекин во водоснабдувањето ќе има и во Кисела Вода поради изведување на водоводен приклучок од Ф100 и тоа на улиците Невена Георгиева Дуња 14. Без вода ќе бидат корисниците од ул.Невена Георгиева Дуња, ул.Дренак, ул.Виктор Иго и ул.Драга Стојановска. Прекинот во водоснабдувањето ќе биде до завршување на интервенцијата.

Без вода денеска ќе останат корисниците од улица „Тодор Чангов“ крак 51,53 и 55 поради уличен водоводен дефект од ф 80мм на истата улица крак 51 бр.6 во населба Лисиче.

ЈП Водовод и канализација – Скопје информираа дека прекинот со водоснабдување ќе почне од 09:00 часот до завршување.

Поради уличен дефект ф 100 мм на ул.„Васко Карангелевски“ бр.38, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од бул.„Јане Сандански“ од зграда бр.30 до бр.60 од 08:30 часот до завршување.ДЕЛ

error: Содржината е заштитена од копирање !!