MKinformer

your daily dose of news

Ужас: Малолетници со метални предмети нападнале 14-годишно момче во Кисела Вода

11/08/2025 14:46

Четиринаесетгодишно момче било физички нападнато од група малолетници на трим патека во Кисела Вода, при што напаѓачите носеле и метални предмети. Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.

-На 10.08.2025 во 14:30 часот во СВР Скопје, Д.Х.(54) од Скопје пријави дека на 09.08.2025 околу 22:30 часот на трим патека на подрачје на Кисела Вода во Скопје, неговиот 14-годишен син, додека бил со неговиот брат и другарка, по претходна расправија, бил физички нападнат од повеќе малолетници, кои ги познава и кои носеле и метални предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се вели во соопштението на МВР.

error: Содржината е заштитена од копирање !!