Денес толку исчекуваната средба Трамп и Путин во Аљаска: надеж за прв чекор кон мирот во Украина
15/08/2025 9:20
Во Аљаска денеска започнува историската средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин, настан кој буди надеж за отворање на патот кон мир во Украина и поширока стабилизација на глобалните односи.
Трамп ја опиша средбата како „испитување на теренот“, додека Путин порача дека разговорите нема да се ограничат само на Украина, туку ќе опфатат и економска, политичка и безбедносна соработка. Рускиот претседател нагласи дека постојат „искрени напори да се прекинат борбите и да се создаде долгорочен мир, доколку се постигне договор за стратешко оружје“.
Со пристигнувањето во воената база во Аљаска, Путин ја прекина својата меѓународна изолација, а средбата привлекува внимание и во Европа, каде лидерите очекуваат дека Вашингтон ќе остане доследен на принципот дека територијата на Украина не може да се менува без согласност на Киев.
Иако состојбата на фронтот е сложена, аналитичарите гледаат можност за позитивен исчекор – евентуално примирје кон украинските градови, што би било првиот вистински одмор за цивилите по речиси три години војна. „Тоа е првиот чекор кон мирот. Можеби нема да биде голем, но може да отвори врата за многу повеќе“, оценува професорот Клеменс Фишер од Универзитетот во Келн.
Трамп досега покажа дека знае да напредува чекор по чекор, а оваа средба би можела да стане почеток на нова етапа во светската дипломатија – онаа што гради мир наместо конфликти.






