Македонија станува рударски експеримент на ЕУ, спас за економијата или уништување на природата?
15/08/2025 9:40
Литиум, бакар, кобалт – богатство под земја, закана над земја!
Законот за минерални суровини оди во пензија, а на негово место влегуваат два нови закона – за рударство и за геологија. Владата тврди: „Европски стандарди, еколошка заштита, транспарентност“. Реалноста? Влез во големата европска трка по стратешки минерали, каде што правилата ги диктираат корпорациите и Брисел.
Европската комисија ќе има последен збор – дури и над Владата!
Новите закони отвораат врата за т.н. „стратешки проекти“, за кои ќе важат забрзани процедури и специјален третман. Ако Македонија одбие, ЕУ може да ја прегази одлуката. Прашањето е – кој ќе ја контролира играта кога во масата ќе има милијарди?
Историјата не простува
Проектите во Казандол, Кожуф и Иловица – или пропаднаа, или завршија во скандали. 40 години без нов значаен рудник, но сега властите сакаат револуција во рударството. Колку ќе траат еколошките ветувања кога ќе удрат интересите на големите компании?
Зелена енергија или црна иднина?
Брисел бара минерали за електрични возила, ветерници и дигитална транзиција. Македонија има бакар и други клучни ресурси, но дали ќе ги искористи без да ја жртвува својата природа и локалните заедници?
Трката почнува. Македонија е на стартната линија. Сите ќе гледаат – но кој ќе победи, а кој ќе плати најскапо?






