MKinformer

your daily dose of news

Трамп за Орбан: „Лут сум, … ти си мој голем пријател“

22/08/2025 17:21

 

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес објави писмо од американскиот претседател Доналд Трамп, во кое се потврдува блиското пријателство и заемната доверба меѓу двајцата лидери. Повод за писмото е загриженоста на Орбан за последиците од украинските напади врз стратешкиот нафтовод „Дружба“, кој е од суштинско значење за енергетската безбедност на Унгарија и Словачка.

„Виктор, не сум среќен што го слушам ова, многу сум лут поради тоа. Кажи и го тоа и на Словачка. Ти си мој голем пријател. Доналд“, напиша Трамп, чија реакција Орбан ја сподели на социјалните мрежи.

Со овој чекор, американскиот претседател јасно покажа разбирање и поддршка за унгарските позиции. Истовремено, Орбан уште еднаш ја истакна важноста на регионалната соработка и транспарентниот дијалог со Вашингтон кога станува збор за енергетската стабилност.

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто претходно потврди дека испораките на нафта кон земјата се прекинати по трет пат како резултат на напад со беспилотно летало врз нафтоводот. Орбан во своето обраќање нагласи дека нападите го нарушуваат континуитетот на снабдувањето со енергенси и претставуваат ризик за поширокиот регион.

error: Содржината е заштитена од копирање !!