Орбан во писмо до шведскиот премиер: Еве зошто вашата влада не ни е пријател
19/09/2025 10:22
Унгарскиот премиер Виктор Орбан упати отворено писмо до својот шведски колега Улф Кристерсон, во кое со почит се обраќа кон шведскиот народ, но воедно ја изразува својата загриженост за односот на актуелната шведска влада кон Унгарија.
„Драг премиере на Шведска, шведскиот народ е наш пријател. Но, вашата влада не постапува пријателски кон Унгарија“, напиша Орбан во пораката објавена на социјалната мрежа X.
Во писмото, Орбан потсетува на серија постапки кои, според него, ја доведуваат во прашање искрената соработка меѓу двете држави. Тој посочува дека Шведска интервенирала против унгарските закони за заштита на децата и за суверенитет, гласала за исклучување на унгарските универзитети од европските образовни програми, како и за замрзнување на дел од европските фондови на Унгарија.
Орбан нагласува дека шведските претставници постојано вршат притисок врз неговата земја, вклучително и во однос на унгарската позиција за проширувањето на ЕУ и прашањето за миграциската политика. „Ова директно ја загрозува безбедноста на Унгарија“, порача унгарскиот премиер.
Во завршницата на писмото, Орбан испрати јасна порака: „Ние никогаш не се мешаме во вашите внатрешни прашања, иако гледаме дека миграцијата е сериозен предизвик за Шведска. Сепак, остануваме искрено загрижени и пријателски настроени кон вашиот народ“.
Со оваа дипломатска порака, Орбан ја истакнува определбата на Унгарија за взаемно почитување, пријателство и суверенитет на државите, и покрај несогласувањата со одредени владини политики.
Dear @SwedishPM,
Sweden is our friend. The Swedish people are our friends. But your government is no friend of Hungary.
A quick reminder:1. You intervened against Hungary in the child protection law infringement case.
2. You intervened against Hungary in the sovereignty…— Orbán Viktor (@PM_ViktorOrban) September 18, 2025



