Времето денес: Променливо облачно со сончеви периоди и локален дожд во западните делови
23/08/2025 8:24
Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне во западните делови се очекува локален пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер, додека долж Повардарието ќе засилува од северен правец.
Минималните температури ќе се движат меѓу 11 и 20 °C, а максималните ќе достигнат од 25 до 33 °C.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви интервали. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Температурите ќе се движат од минимални 17 до максимални 31 °C.
Според прогнозите, утре ќе продолжи да дува слаб до умерен, а долж Повардарието и повремено засилен северен ветер, што ќе услови мало опаѓање на дневната температура. Потоа се очекува претежно стабилно време со благ пораст на температурите.





