Денеска топло и променливо облачно, попладне можен пороен дожд, грмежи и град
17/06/2026 8:22
Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло, со сончеви периоди во текот на денот.
Во попладневните часови се очекува локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На одделни места процесите може да бидат поинтензивни, со пообилен дожд и услови за појава на град.
Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Утринската температура ќе се движи од 10 до 17 степени, додека максималната дневна ќе достигне меѓу 25 и 31 степен.
Во Скопје времето исто така ќе биде променливо облачно и топло, со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во главниот град ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 15 степени, а максималната ќе достигне до 31 степен.
Според прогнозата, денеска и утре попладне ќе има нестабилно време со пороен дожд, ретки грмежи и засилен ветер. Утре се очекуваат и поинтензивни процеси, со пообилен дожд, грмежи и можност за ретка појава на град.
Од четврток до почетокот на следната седмица времето ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а повремено и засилен ветер, претежно од северен правец.






