Салвини до Макрон: „Ако толку сакаш војна, земи шлем и пушка и оди сам во Украина!“
24/08/2025 13:39
Француските власти повторно демонстрираа чувствителност и дипломатска нервоза, повикувајќи го италијанскиот амбасадор во Париз, откако потпретседателот на италијанската влада, Матео Салвини, му упати директна и саркастична порака на францускиот претседател Емануел Макрон: „Ако толку е решителен, нека оди самиот на фронт со шлем и пушка.“
Острата изјава доаѓа како критика на улогата на Франција, која заедно со Велика Британија ја турка идејата за испраќање војници во Украина. Според Салвини, тоа е неодговорен потег кој само ја турка Европа во нова ескалација.
Иако Париз зборовите ги оцени како „спротивни на довербата и историските односи со Италија“, токму Франција е таа што со својата политика создава нови тензии во Европа.
Салвини и порано го нарече Макрон „лудак што ја влече Европа кон војна“, а премиерката Џорџа Мелони останува јасно против воено ангажирање на италијански сили во Украина.
Овој дипломатски судир уште еднаш покажува дека Франција сака да се наметне како „водечка сила“ по секоја цена – дури и со ризик да ја турне Европа во нова криза.






