MKinformer

your daily dose of news

(ВИДЕО)Трамп: Путин одбива средба со Зеленски затоа што „не му се допаѓа“

26/08/2025 8:31

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска на прес-конференција во Белата куќа изјави дека рускиот лидер Владимир Путин не сака да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски од лични причини.

На директно прашање на новинарите зошто Путин ја избегнува средбата, Трамп одговори кратко и јасно:
„Затоа што не му се допаѓа. Не му се допаѓа.“

Трамп, исто така, потврди дека во меѓувреме имал телефонски разговор со Путин, откако минатата недела во Белата куќа оствари средба со Зеленски и со европските лидери. „Да, разговарав,“ изјави тој, без да открие дополнителни детали за содржината на разговорот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!