СЕ РЕЛАКСИРААТ ОДНОСИТЕ ПОМЕЃУ ТРАМП И ЗЕЛЕНСКИ, ТИМОВИ НА САД И УКРАИНА СЕ ПОДГОТВУВААТ ЗА СРЕДБА СЛЕДНАТА НЕДЕЛА
06/03/2025 9:35
Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека украинските и американските тимови почнале да работат на организирање на претстојниот состанок.
„Многу меѓународна работа денеска – разговарав со премиерите на Холандија, Португалија и Словенија, а разговарав и со германскиот канцелар. Ви благодариме за поддршката. „Се подготвуваме за самитот на ЕУ што ќе се одржи утре во Брисел“, нагласи Зеленски во вечерното видео обраќање.
Тој рече дека дипломатските активности се интензивирани и дека има позитивен развој.
„Денеска нашите тимови, од Украина и од САД, почнаа да работат на организирање на средбата. Зборуваа Андриј Јермак и Мајкл Волц. Се надеваме на првите резултати следната недела“, рече Зеленски, пренесува Укринформ.
Потврда за затоплување на односите стигна и од САД. Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Мајк Волц, за Фокс Њуз изјави дека телефонски разговарал со шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Ермак. -Мислам дека се движиме во позитивна насока,
Претходно Ермак, како и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој минатата недела влезе во јавна расправија со неговиот американски колега Доналд Трамп во Белата куќа, потврдија дека имало разговор.
Волц откри дека во моментов се водат разговори со украинската страна за „локацијата, датумот и преговарачкиот тим“ за нова средба.
Зеленски пак нагласи дека сега е неопходно да се продолжи со активна работа на европската интеграција на Украина.
„Мора да продолжиме да се движиме во европски правец, во однос на нашите европски интеграции, имено: кластери во процесот на пристапните преговори. Сметаме на поддршката од нашите партнери – нагласи претседателот на Украина.






