MKinformer

your daily dose of news

Нови Сад: Блокадерите сè уште го блокираат Филозофскиот факултет, додека деканот е во зградата

26/08/2025 17:11

Студентите кои од Декември минатата година го блокираа Филозофскиот факултет во Нови Сад и денеска остануваат пред зградата, придружени од мала група граѓани и земјоделци кои пристигнаа со трактори. Блокадерите се распоредени на сите влезови, а на платото пред факултетот се поставени трактори и шатор.

Утринава, деканот Миливој Алановиќ заедно со десетина професори успеа да влезе во објектот. Блокадерите кои претходно ја држеа блокадата внатре ја напуштија зградата, по што Алановиќ изјави дека „немало инциденти“ и дека станувало збор за „редовно доаѓање на професори на своите работни места“.

Деканот нагласи дека студентите биле замолени да ги изнесат личните предмети и да ја напуштат внатрешноста на факултетот за да може институцијата да се подготви за редовна работа. Тој предупреди дека нивните постапки подлежат на дисциплинска одговорност бидејќи престојот во зградата надвор од работното време претставува сериозен прекршок.

Во однос на академските обврски, од Филозофскиот факултет соопштија дека септемврискиот испитен рок ќе се одржи од 1 до 9 септември, додека вториот уписен рок е закажан за 4 и 5 септември, со приемен испит на 8 септември.

Факултетот беше првиот во Нови Сад што влезе во блокада во декември минатата година, а на електронска седница во јуни беше донесена одлука за надоместок на наставата во зимскиот и летниот семестар за академската 2024/25 година.

error: Содржината е заштитена од копирање !!