„DANCERS UNITED“ ГО РАЗИГРАА КАРПОШ
26/08/2025 8:10
Вечерва на карпошово културно лето имаше програма од и за најмладите карпошани.
На отворената сцена на плоштадот кај Млечен младинците и дечињата од танцовата школа “Денсерс јунајтед” ја забавуваа најмладата публика во динамичен ритам и енергичните танци.
Понатаму како дел од програмата следеше кратко дружење со авторката Ана Јованоска, која потпишуваше примероци од своите дела со мисли кои ја поттикнуваат човечноста и вистинските вредности во животот.






