Кремљ: Американските мировни напори се важни, но Москва одбива европски безбедносни гаранции за Украина
27/08/2025 15:37
Официјална Москва на денешниот редовен брифинг за медиумите во Кремаљ изјави дека ги смета напорите на САД за постигнување мир во Украина за „многу важни“ и дека тие би можеле да помогнат во надминување на долготрајниот конфликт. Сепак, портпаролот Дмитриј Песков потенцираше дека Москва има негативен став кон европските предлози за обезбедување безбедносни гаранции за Украина.
Песков го повтори добро познатиот став на Русија дека не смее да има распоредување на трупи од земјите-членки на НАТО на украинска територија. На прашањето за можни мировни разговори на високо ниво, тој нагласи дека ваквите состаноци мора внимателно да се подготвуваат за да бидат ефикасни.
По извештаите за руските воздушни напади во текот на ноќта, насочени кон украинската енергетска инфраструктура, Песков изјави дека Русија таргетирала само воени и воено поврзани цели.
Дополнително, тој најави дека се во тек интензивни подготовки за претстојната посета на претседателот Владимир Путин во Кина. Путин ќе присуствува на самитот на Шангајската организација за соработка, кој ќе се одржи од 31 август до 1 септември во кинескиот град Тјенџин, со учество на повеќе од 20 светски лидери.
По ова, Путин ќе ја посети и стратешката руска лука Владивосток, во близина на границата со Кина и Северна Кореја, на 5 септември.






![Лавров ги претстави условите на Русија за мир во Украина: ова се клучните точки 453624-lavrov-ne-smee-da-se-dozvoli-vooruzhen-sudir-na-balkanot[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/453624-lavrov-ne-smee-da-se-dozvoli-vooruzhen-sudir-na-balkanot1.jpeg)