Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за корупција и насилни протести
27/08/2025 16:46
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска изјави дека милијардерот Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети според Законот за влијание и корупција во организациите (РИКО).
„Џорџ Сорос и неговиот прекрасен радикално левичарски син треба да бидат обвинети според законот РИКО поради поддршка на насилните протести и многу други работи низ цела Америка. Нема да им дозволиме на овие лудаци да ја уништат Америка, не ѝ давајќи ѝ шанса да дише и да биде слободна,“ напиша Трамп во објава на социјалната мрежа Truth Social.
Американскиот претседател додаде дека Сорос и „неговата група психопати“ нанеле голема штета на Соединетите Држави, а дека во тоа се вклучени и „лудите пријатели на Сорос од Западниот брег“.
„Бидете внимателни, ве следиме,“ заврши Трамп.






