MKinformer

your daily dose of news

„Безбеден град, безбедна држава“: Нов систем за поголема безбедност на патиштата во Македонија

28/08/2025 16:50

Од 1 јануари 2026 година, во Скопје, Тетово, Куманово и долж коридорите „8“ и „10“ ќе започне имплементацијата на проектот „Безбеден град, безбедна држава“, кој постепено ќе ја покрие целата територија на земјата до средината на следната година.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја претстави иницијативата на средба во Охрид со словенечкиот министер за внатрешни работи, Боштјан Поклукар. Тој посочи дека измените во Законот за безбедност во сообраќајот веќе го поминаа првото читање во Собранието и дека ова не е проект за полнење на државниот буџет, туку систем кој има една цел – спасување на човечки животи.

„Во 2024 година изгубивме 142 животи поради непочитување на сообраќајните правила. Убеден сум дека со овој систем бројките значително ќе се намалат“, изјави Тошковски.

Тој најави и построги контроли, со строги санкции предвидени во Кривичниот законик – од парични казни, па сè до затворски казни и трајно одземање на возила што биле злоупотребени при извршување на кривични дела.

error: Содржината е заштитена од копирање !!