MKinformer

your daily dose of news

Нов руски напад на Киев, урната зграда, тројца загинати и 12 повредени

28/08/2025 9:53

Во голем руски напад врз Киев во ноќта меѓу среда и четврток загинаа најмалку три лица, меѓу кои и 14-годишно момче, а најмалку 12 други се повредени.

Украинската војска потврди дека биле користени ракети и беспилотни летала, кои предизвикале значителна штета во повеќе населби на главниот град.

Градоначалникот Виталиј Кличко изјави дека, според првичните информации, во округот Дарницки се урнала петкатна станбена зграда.

Шефот на воената администрација на Киев, Тимур Ткаченко, соопшти дека станува збор за напад со балистички ракети, кои предизвикале пожар во градинка и станбена зграда.

„Тоа е сè што треба да знаете за терористичката држава, Путин и нивната ‘желба’ за мир,“ реагираше на Телеграм шефот на претседателската канцеларија, Андриј Јермак.

Покрај тоа, украинските железници информираа за „масовен напад“ што предизвикал прекини на електричната енергија во Виничкиот регион, со што бил нарушен железничкиот сообраќај.

Руската армија, која контролира околу 20% од територијата на Украина, во последните месеци забрза со своите операции против помалку опремените украински единици.

Во вторник, Украина за првпат призна дека руските трупи навлегле во регионот Дњепропетровск, каде Москва тврди дека напредува уште од јули.

error: Содржината е заштитена од копирање !!