MKinformer

your daily dose of news

Напад врз Киев по предупредувањето на Зеленски

26/07/2026 13:24

Руски балистички напад врз Киев: Погодена станбена зграда, пожари во повеќе реони

Експлозии го разбудија главниот град

Киев во текот на ноќта повторно беше цел на балистички напад, при што беше погодена и станбена зграда, а пожари избувнаа на неколку локации низ градот. Според првичните информации, нема загинати, додека надлежните служби ја проценуваат материјалната штета.

Околу 00:23 часот по локално време во украинската престолнина одекнале повеќе експлозии. Непосредно пред тоа, украинското воено воздухопловство издало предупредување за закана од балистички проектили.

Пожар во 18-катна зграда

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, соопшти дека остатоци од проектил паднале врз 18-катна станбена зграда во Шевченковскиот реон.

„Остатоци од проектил паднале врз 18-катна станбена зграда во Шевченковскиот реон. Пожарот ги зафатил седмиот и осмиот кат“, соопшти Кличко.

Државната служба за вонредни ситуации информираше дека пожари биле регистрирани и во реоните Десњански, Шевченковски и Соломјански, но сите биле локализирани и изгаснати.

Изгорени автомобили и објекти

Во нападот изгореле неколку автомобили, еден нестамбен објект и напуштена четирикатна зграда. Според првичните информации, нема жртви, а проценката на причинетата материјална штета сè уште е во тек.

Напад по предупредувањето на Зеленски

Нападот следуваше само еден ден откако украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека украинските разузнавачки служби и партнерските земји располагаат со информации дека Русија подготвува нов масовен ракетен напад врз Украина во рок од 48 часа.

Само два дена претходно, руски балистички проектил погоди локација во Киев каде што се одржувала изложба на оружје. Според официјалните податоци, во тој напад загинаа 10 лица, а повеќе од 100 беа повредени.

error: Содржината е заштитена од копирање !!