Четири активни пожари под контрола, изгаснат големиот пожар кај Желино
29/08/2025 8:14
Според информациите од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), во моментот во Македонија се активни четири пожари на отворен простор, кои се под целосна или делумна контрола.
Целосно е изгаснат пожарот кој вчера избувна на територијата на општина Желино, во атарот на селото Церово, а во вечерните часови се прошири кон месноста Карпалак, покрај автопатот Скопје – Тетово.
Во гаснењето учествуваа Територијалната противпожарна единица Тетово и Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. Од ДЗС изразија благодарност до тетовските и скопските пожарникари кои, и покрај ноќните услови и тешко пристапниот терен, успеаја да го локализираат и изгаснат пожарот.
Во текот на вчерашниот ден, надлежните служби целосно изгаснале 29 пожари на отворен простор низ државата.





![Peгиcтpиpaни 37 нoви cлyчaи нa Koвид-19, 10 лицa ги зaгyбиja живoтитe вo тeкoт нa изминaтoтo дeнoнoќиe infektivna-klinika-1[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/infektivna-klinika-11.jpg)
