MKinformer

your daily dose of news

Нестабилно време со дожд и грмежи за викендот во Македонија

29/08/2025 19:45

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса поврзана со циклон со центар над Џеновскиот залив, викендов Македонија ја очекува променливо време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално можно е појава на невреме со силен ветер и град.

Во Скопје и околината, во сабота (30 август) и ноќта кон недела (31 август), времето ќе биде нестабилно со повремени врнежи, грмежи и засилен ветер. Утре ќе дува јужен и југозападен ветер, а во текот на ноќта кон недела, особено во Повардарието, ќе се засили северниот ветер.

Температурите во недела ќе забележат пад, а дневните максимуми ќе се движат меѓу 24 и 31 степен. Со тоа земјата ќе биде под влијание на посвежа воздушна маса од север.

error: Содржината е заштитена од копирање !!