MKinformer

your daily dose of news

Адеми со обвинување за „атентат врз Охридскиот договор“, политички театaр на ДУИ?

01/09/2025 16:22

ДУИ повторно се обидува да се претстави како единствениот чувар на Охридскиот договор. Потпретседателот на партијата, Арбер Адеми, излезе со нова серија обвинувања кон Владата, нарекувајќи ја „опасна агенда“ секоја промена поврзана со балансерот и Бадентеровото мнозинство.

Адеми изјави дека владините размислувања за преиспитување на Бадентеровото мнозинство не биле „политички лапсуси“, туку наводно дел од сценарио за „атентат врз Охридскиот договор“. Тој ја повтори веќе познатата листа на критики – укинување на балансерот, непочитување на Законот за јазиците, намалување на бројот на советници, како и „игнорирање“ на албанската дијаспора.

Според Адеми, уставниот механизам за гласање со Бадентер е „столб кој штити од мајоризација“, а секоја дискусија за негова промена претставува враќање кон „неправдата и исклучувањето“. Тој обвини дека Владата и коалицијата „Вреди“ ги ставаат своите фотелји над европските интеграции и стабилноста на државата.

Сепак, останува впечатокот дека ДУИ ја користи истата матрица – постојано повикување на Охридскиот договор и стравувања од „угнетување“, во моменти кога нивната реална политичка тежина и учинок во институциите сè повеќе се доведуваат во прашање.

error: Содржината е заштитена од копирање !!