MKinformer

your daily dose of news

Уставен суд ја одложи одлуката за јазиците, ДУИ го тргна шаторот

13/12/2024 10:20

Уставниот суд на Северна Македонија денеска одлучи да одржи подготвителна седница за расправата по иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на Законот за употреба на јазиците.

Судијата известител Елизабета Дуковска предложи да се одржи подготвителна седница, што доби поддршка од повеќе судии, вклучувајќи ги Ана Павлова Данева, Татјана Васиќ Бојаџиева, Јадранка Дабовиќ и Дарко Костадиновски. Судијата Добрила Кацарска не се согласи со предлогот, сметајќи дека веќе има доволни подготовки.

Поддржувачите на одлуката ја истакнаа важноста на подготвителната седница за да се покажат дека владее правото и дека уставноста не се брани на улиците, туку во судот. Тие повикаа на трпение и доверба во институциите и нагласија дека одлуката ќе помогне во отфрлањето на наводите за политизација.

Според одлуката, на првиот нареден работен состанок ќе се разгледаат предлозите за спорни прашања и учесниците во расправата.

ДУИ ги повлече „стражите за јазикот“.

Шаторот пред Уставниот суд, веќе го нема. Сепак, велат дека шаторот повторно ќе го постават за три месеци во март, за кога Уставниот суд ја најави подготвителната седница.

Според потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, закажувањето на подготвителни седници е само продолжување на процесот на укинување на Законот за употреба на јазиците.

Партискиот претседател, Али Ахмети, изјави дека Уставниот суд треба да ги отфри иницијативите.

Предметот за Законот за јазиците е составен од 13 иницијативи од различни граѓани, политички партии, здруженија, оформен е во 2019 година, а стана актуелен есенва по забелешките на Венецијанската комисија.

error: Содржината е заштитена од копирање !!