MKinformer

your daily dose of news

Повторно гори депонијата Вардариште – жителите на Аеродром и Ново Лисиче во облаци чад

05/09/2025 9:19

Утрово повторно избувна пожар на депонијата Вардариште, со што густ чад и непријатна миризба ги обвија скопските населби Аеродром и Ново Лисиче. Граѓаните алармираат дека состојбата е алармантна и дека воздухот е сериозно загаден.

Многумина сведочат дека чадот продира во домовите и отежнува дишење. „Не можеме ниту прозорец да отвориме, во становите влегува чад. Ова е вистинска еколошка катастрофа“, коментираат жители од Ново Лисиче на социјалните мрежи.

Ова не е првпат депонијата Вардариште да предизвика еколошки проблеми. Граѓаните повторно бараат институциите итно да реагираат и да најдат трајно решение за ова долгогодишно загадувачко жариште.

error: Содржината е заштитена од копирање !!