(ВИДЕО) СИВО-ЦРН ЧАД НАД СКОПЈЕ: ГОРАТ МАСЛА И ХЕМИКАЛИИ
04/05/2026 13:48
ОГРОМЕН ПОЖАР ВО ШУТО ОРИЗАРИ: Се слушаат експлозии, гори депонија со масла и хемикалии
Екипа на МК Информер е на лице место
Шуто Оризари, Скопје, Огромен пожар избувна попладнево на депонијата во скопската населба Шуто Оризари. Од местото на настанот се слушаат силни експлозии, кои според првичните сознанија на екипата на МК Информер најверојатно доаѓаат од плински боци што горат во огнот.
Пожарот е огромен, а чадот што се издига е сив до црн, што укажува дека покрај обичниот отпад, горат и моторно масло, хемикалии и други запалливи материи.
Полицијата нè спречуваше, но ние известуваме
И покрај тоа што полициските службеници на лице место не дозволуваа нашата екипа да пријде до самиот пожар, новинарите на МК Информер најдоа начин да го забележат настанот и да известуваат од терен.
Успеавме да снимиме фото и видео материјал кој ја прикажува вистинската состојба, огнот беснее, експлозиите се слушаат во континуитет, а чадот се шири кон населените места.
Граѓаните во страв, воздухот е загаден
Депонијата во Шуто Оризари со години претставува еколошки проблем за жителите на оваа населба и за поширокото скопско подрачје. Пожарот дополнително ја влошува ситуацијата, бидејќи согорувањето на хемикалии и масла ослободува токсични гасови кои се опасни по здравјето на луѓето.
Засега нема информации за повредени лица или за тоа како точно избувнал пожарот.
МК Информер продолжува да ве информира за развојот на ситуацијата од лице место. Следете нè за најнови детали. 🔥🚨







One thought on “(ВИДЕО) СИВО-ЦРН ЧАД НАД СКОПЈЕ: ГОРАТ МАСЛА И ХЕМИКАЛИИ”
Comments are closed.