Самка Ибраимоски кандидат за градоначалник на Тетово
06/09/2025 7:42
Поранешниот заменик министер и пратеник, Самка Ибраимоски, ќе влезе во трката за градоначалник на Тетово. Тој е кандидат на коалицијата составена од неговата партија, ГРОМ и други политички субјекти.
Ибраимоски е искусен политичар – во својата кариера бил заменик министер, пратеник во два мандати, а исто така е активен и како приватен бизнисмен. Со оваа кандидатура, коалицијата најавува поактивно учество во локалната политичка сцена во Тетово.






