Сончево и топло време, температури до 34 степени
07/09/2025 8:37
Синоптичарите за денеска најавуваат сончево и топло време, со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во планинските региони се очекуваат услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.
🌡️ Минималната температура ќе се движи од 5 до 16 степени, а максималната ќе достигне од 27 до 34 Целзиусови.
Времето во Скопје
Во главниот град времето ќе биде слично – сончево со мала до умерена облачност во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13 степени, а максималната ќе достигне до 34 степени.
Прогноза за наредните денови
🔹 Понеделник: во попладневните часови во планинските региони повторно ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
🔹 Вторник: ветерот ќе го промени правецот во јужен, со што ќе започне период на потопли денови.
🔹 Четврток: се очекува извесно зголемување на облачноста, но топлото време ќе се задржи.






