MKinformer

your daily dose of news

Времето денес: Сончево и топло со температура до 39°C

17/07/2026 8:16

Сончево и многу топло, попладне можни локални врнежи и грмежи

Температурите ќе достигнат до 39 степени

Денеска низ земјава ќе преовладува претежно сончево и многу топло време, проследено со мала до умерена облачност. Во текот на попладневните часови во одделни подрачја се очекува нестабилност, со услови за краткотраен дожд и појава на грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој локално ќе придонесе за мало освежување. Утринските температури ќе се движат меѓу 12 и 21 степен, додека дневните ќе достигнат од 31 до 39 степени.

Во Скопје сончево, попладне можни изолирани врнежи

Во главниот град времето ќе биде претежно сончево и топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а во попладневните часови во делови од Скопската Котлина постои можност за краткотраен дожд и грмежи.

Минималната температура ќе биде околу 20 степени, а максималната ќе достигне до 38 степени.

Топлотниот бран продолжува и за викендот

Според најновата прогноза на УХМР, високите температури ќе се задржат и во текот на викендот, кога во сите делови на државата дневните вредности ќе останат над 31 степен.

Од почетокот на следната недела ќе продолжи претежно сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Сепак, во вторник се очекува промена на временските услови, со појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер поради дестабилизација на атмосферата.

error: Содржината е заштитена од копирање !!