MKinformer

your daily dose of news

Временска прогноза: Сончево и топло, попладне нестабилност

20/06/2026 7:47

Сончев викенд со температури до 35 степени, од понеделник невреме

Денеска во Македонија ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а живата во термометарот ќе се движи од 8 до 18 степени во утринските часови, додека максималните дневни температури ќе достигнат од 30 до 35 Целзиусови степени.

Во Скопје до 35 степени

Во главниот град времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Викенд, сонце и локална нестабилност

За време на викендов, претпладневните часови ќе бидат претежно сончеви и топли со мала локална облачност. Сепак, во попладневните часови ќе има услови за појава на краткотрајна локална нестабилност, што значи можност за изолирани порои и грмежи на одделни места.

Од понеделник, нестабилно со пороен дожд и грмежи

Според прогнозата на УХМР, од почетокот на работната седмица во попладневните часови ќе има услови за развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од северен правец.

error: Содржината е заштитена од копирање !!