Честитка од Стевчо Јакимовски: 8 Септември – Ден на независноста на Република Македонија!
08/09/2025 11:46
На својот фејсбук профил, Градоначалникот на Општина Карпош и претседател на ГРОМ Стевчо Јакимовски, со ВИДЕО го честиташе денот на независноста на Република Македонија 8 Септемвири.
Денеска, од новата општинска зграда на Карпош, свечено го истакнавме државното знаме – симболот на нашата независност и слобода.
Овој ден не е само потсетник на историскиот избор што го направивме во 1991 година, туку и обврска да ја чуваме и градиме Македонија со иста таа љубов и решителност.
Македонија е вечна кога народот стои исправен и горд.
Среќен 8 Септември – Ден на независноста!





