MKinformer

your daily dose of news

Уапсен млад Италијанец на Водно, бил фатен со хашиш

09/09/2025 9:55

Завчера вечерта, околу 21:00 часот, на паркинг простор на Средно Водно од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје од слобода е лишен Л.Т.(27) од Италија. При извршен преглед кај него е пронајден хашиш.

Од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје против Л.Т. е поднесена кривична пријава по итна постапка до надлежен обвинител, а од страна на судија на претходна постапка му е одредена мерка 30 дневен притвор во КПУ Скопје.

error: Содржината е заштитена од копирање !!