MKinformer

your daily dose of news

Запленети околу 10 килограми кокаин во BMW X5 во Горно Количани, приведен 26-годишник

02/01/2026 12:13

Полициски службеници од СВР Скопје запленија околу 10 килограми кокаин, пронајдени во патничко возило „BMW X5“ со скопски регистарски ознаки, при што е лишен од слобода 26-годишниот И.Е. од Скопје.

Според информациите од Министерство за внатрешни работи, на 31 декември 2025 година, околу 14:30 часот, во селото Горно Количани, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го сопреле возилото управувано од осомничениот.

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, возилото било привремено одземено за понатамошна проверка.

🚔 Претрес со судска наредба

На 1 јануари 2026 година, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, во координација со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР и службеници од Царинска управа, со службено куче и по претходно обезбедена судска наредба, извршиле претрес на возилото.

При претресот, во импровизиран бункер во подвозјето на возилото, биле пронајдени и одземени околу 10 килограми кокаин.

Осомничениот И.Е. е лишен од слобода, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава.

error: Содржината е заштитена од копирање !!