MKinformer

your daily dose of news

Времето денеска сончево и топло, од четврток нестабилно со дожд и грмежи

09/09/2025 9:25

Денеска во Македонија времето ќе биде претежно сончево и топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се движат меѓу 8 и 17°C, а максималните ќе достигнат од 27 до 34°C.

Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16°C, а максималната ќе достигне 33°C.

Во среда времето ќе остане сончево и топло, со слични услови. Од четврток до недела, меѓутоа, ќе настапи промена – се очекува променливо облачно и нестабилно време, проследено со локални поројни дождови, грмежи и засилен ветер. Дневните температури постепено ќе опаѓаат.

error: Содржината е заштитена од копирање !!