MKinformer

your daily dose of news

МАКЕДОНИУМОТ ПРОПАЃА Немало ни пари ни кадар за да се санира?!

09/09/2025 11:29

Еден од спомениците-симболи на борбата на македонскиот народ за сопствена држава пропаѓа и скапува под вода. При посилен дожд, подот на споменикот „Илинден“ во Крушево е покриен со вода, витражите се оштетени, подот распукан, а рамките на прозорците се кородирани. Водата стигнува и до гробот на претседателот на Крушевската република, Никола Карев, објави Дојче веле.

Надлежните од Завод и музеј Прилеп велат дека нема пари за санација на објектот, а нема веќе ниту кадри кои би знаеле тоа да го сторат. Но, најавено е дека во 2026 година ќе се уредува партерот пред споменикот.

https://www.facebook.com/reel/1115451083404691

error: Содржината е заштитена од копирање !!