MKinformer

your daily dose of news

Направил фотографии од мониторот на службен компјутер и ги споделил – кривична за инспектор од Битола

10/09/2025 14:03

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против Б.Ј., самостоен инспектор во Отсекот за прикриени човечки извори на информации во ОКРА при СВР Битола.

Против него постојат основи на сомнение за сторено кривично дело „оддавање на службена тајна“ по член 360 став 1 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија.

Според истрагата, пријавениот во два наврати – на 9 и 17 јануари 2025 година – неовластено извршил проверка на податоци од системот за регистрирање и управување со оружје за лице кое било инволвирано во судска постапка. По проверката, со својот мобилен телефон направил фотографии од мониторот на службен компјутер на МВР и ги споделил со неповикано лице.

error: Содржината е заштитена од копирање !!