„Какво го оставив, а какво го наоѓам – Резил е станато“ – вели скопјанец иселен од градот пред четири децении
12/09/2025 9:59
Нема ден, а да нема реакции за хигиената во главниот град! Скопје е метропола или гето? За жал, фотографиите кои секојдневно може да се сретнат низ социјалните мрежи го сведочат второто.
Скопјанец во фесјбук групата „Стари скопјани“ сведочи за Турчин кој пред четири децении се преселил од Скопје, а кој прашува какво го оставил, а какво го затекнува Скопје кога се враќа?
– Скопје е гето. Гадно, прљаво – гето. Фрли му на обичниот народ политичка и националистичка коска да се глода на фејсбук, а политичарите и медиумите милиони направија од нашето глодање. Со Турчин седев заедно на летот од Истанбул до Скопје. Ми вика: се преселив од Скопје пред 40 години. Какво го оставив, а какво го наоѓам? Резил е станато, споделува еден скопјанец во групата.
Сподели и фтоографии од градот во неговото најгрдо светло!
Првата фотографија е Дебар Маало, втората е строг Центар (Градски Ѕид), третата е Чаир после дождот.
Што не е јасно? Скопје е гето. А гето е зашто им дозволивме да нѐ газат. – поентира во својата објава.






