Политички поткуп или социјална помош? Што прави власта во Чаир?
15/09/2025 9:45
Дали вака изгледа „демократијата“ во Македонија?
Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Емилија Ангелова, заедно со министерот за екологија и кандидат за градоначалник на Чаир, ок ВРЕДИ, Изет Меџити и заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, викендов биле во Чаир на агитација за локалните избори.
Но, наместо политичка програма и идеи, граѓаните видоа сцени од најниско ниво на политичка корупција. На фотографиите објавени на фејсбук-профилот на Ангелова, јасно се гледа како заменик-министерот Велковски зема и разгледува лични карти на граѓани.

Прашањето е едноставно: зошто министер на улица би собирал лични карти? И што тоа „ветува“ во замена? Според коментарите на самите присутни, граѓаните биле убедувани дека преку социјални програми и ветена помош ќе добијат бенефиции – ако секако „знаат“ за кого треба да гласаат.
Ова ли е социјална политика? Социјална помош или политички поткуп?
Ова ли е изборна кампања или купување на сиромаштијата?
Ваквото однесување не е само навреда за достоинството на граѓаните, туку и сериозно кршење на изборниот процес и основните демократски принципи. Наместо чесна и отворена трка со идеи, повторно гледаме партиска ароганција, манипулација и злоупотреба на институциите.
Граѓаните на Чаир заслужуваат чиста кампања, а не поткуп со лични карти. Македонија заслужува политичари кои се натпреваруваат со визија, а не со срамни сцени кои ја понижуваат државата.






