MKinformer

your daily dose of news

Времето денес: променливо облачно, посвежо и ветровито со сончеви периоди

17/09/2025 8:17

Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, а времето ќе биде посвежо и ветровито. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, со брзина која локално ќе надмине 60 km/h. До крајот на денот облачноста ќе се намали.

Температурите ќе се движат од 8 до 17 степени минимални, а максималните ќе достигнат 21 до 29 степени.

Во Скопје ќе има променливо облачно време со сончеви периоди и умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе изнесува 16 степени, а максималната до 26 степени.

Според прогнозата, во четврток ќе продолжи посвежото и ветровито време со засилен северен ветер. Во следните денови ќе преовладува сончево време со посвежи утра, додека дневните температури постепено ќе се зголемуваат.

error: Содржината е заштитена од копирање !!