MKinformer

your daily dose of news

Променливо облачно време со сончеви периоди, од петок локално можно и невреме

20/05/2026 7:27

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните западни и источни делови ќе има услови за слаб локален дожд.

Ќе дува умерен ветер од северен правец. Долж Повардарието ветерот повремено ќе засилува и ќе достигнува брзина до 50 километри на час.

Минималната температура ќе се движи од 5 до 13 степени. Максималната дневна температура ќе достигне од 19 до 26 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9 степени, додека максималната ќе достигне до 24 степени.

Во следните денови повеќе ветер и нестабилност

Во наредните денови ќе се задржи променливо облачно време. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, со брзина и над 50 километри на час.

Во четврток ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во петок и за време на продолжениот викенд на повеќе места ќе биде нестабилно. Се очекуваат пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите може да бидат поинтензивни. Можно е невреме со пообилен пороен дожд, над 20 литри на метар квадратен, грмежи и силен ветер со брзина над 60 километри на час.

error: Содржината е заштитена од копирање !!