MKinformer

your daily dose of news

УХМР: Денеска посвежо со сончеви периоди, од понеделник стабилизација на времето

01/05/2026 9:23

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо, со сончеви периоди. Во јужните делови од земјата ќе има услови за повремен локален дожд, а ќе дува умерен, наместа и повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се движи од -1 до 6 степени, а максималната дневна ќе достигне од 9 до 16 степени.

Во Скопје се очекува променливо облачно и посвежо време со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од 2 степени наутро до 15 степени во текот на денот.

Според УХМР, до недела ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој на места ќе надминува и 60 километри на час.

Утринските температури на одделни места ќе се спуштаат и под нула, а од понеделник се очекува стабилизирање на времето и постепен пораст на дневната температура.

error: Содржината е заштитена од копирање !!