Делови од три скопски општини денес без струја
17/09/2025 8:36
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска ќе има прекини во снабдувањето со електрична енергија во неколку скопски општини:
-
Во Кисела Вода (населба Усје), корисниците на булевар „Борис Трајковски“ – крак 20 ќе останат без струја во периодот од 08:30 до 15:30 часот.
-
Во Аеродром, прекин ќе имаат корисниците на ул. „Божидар Рајковиќ“, како и дел од жителите на улиците „Горноврановска“ и „Горно Лисиче“. Прекинот ќе трае од 09:00 до 15:00 часот.
-
Во Шуто Оризари, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците околу ул. „Брсјачка Буна“ бр. 163, во период од 09:00 до 15:00 часот.
ЕВН апелира граѓаните навремено да се прилагодат на планираните прекини и да преземат соодветни мерки.



