Делови од Аеродром и Центар денеска без вода поради дефекти и работи на мрежата
07/04/2026 10:22
Делови од Аеродром и Центар без вода ќе бидат денеска поради дефект и интервенции на водоводната мрежа, информираат од ЈП Водовод и канализација.
Во општина Аеродром, поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со профил Ф-150 милиметри на улицата „Божидар Рајковиќ“ бб, без вода ќе останат корисниците од улицата „Божидар Рајковиќ“ и дел од Горно Лисиче.
Како што соопштуваат надлежните, прекинот на водоснабдувањето во овој дел ќе започне од 09:00 часот и ќе трае до завршување на работните активности.
Во општина Центар, пак, поради уличен дефект на водоводна цевка Ф-200 милиметри на улицата „Партеније Зографски“ 49, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на оваа улица.
И во овој случај, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот, па сè до завршување на интервенцијата.


