Делови од Драчево и Шуто Оризари денеска без струја
06/05/2026 9:21
Делови од скопските општини Кисела Вода и Шуто Оризари денеска ќе останат без електрична енергија поради зафати во електродистрибутивната мрежа, информираат од ЕВН Македонија АД.
Во Општина Кисела Вода, без струја од 8:30 до 14:30 часот ќе бидат дел од корисниците на улицата „Јустинијан I“ во населбата Драчево.
Во Општина Шуто Оризари, пак, прекин на електричната енергија е најавен од 8:30 до 16:00 часот. Таму без струја ќе останат корисниците од улиците „Пелагонија“, „Брсјачка Буна“ и „Индира Ганди“.
Од ЕВН апелираат граѓаните навреме да ги планираат дневните обврски и да се прилагодат на најавените прекини.



