(Видео)Американската CBS прикажа мапа на Украина без Крим и го исмеваше Зеленски
17/09/2025 10:20
Американскиот канал CBS предизвика контроверзии откако прикажа мапа на Украина без окупираниот Крим. Сегментот беше емитуван во шоуто The Late Show with Stephen Colbert на 9 септември, во рамки на прилог посветен на 10-годишнината од емисијата.
Во делот посветен на Украина, Колберт нагласи дека „херојството на Украинците во отпорот кон руската агресија“ е едно од најзначајните случувања од 2015 година наваму. Но, вниманието на публиката го привлече мапата во која Крим не беше прикажан како украинска територија.
Видеото собра над 230.000 прегледи на YouTube за една недела, со бројни коментари што ја потенцираа спорната визуелизација.
Ова не е првпат западни медиуми да направат ваков пропуст. Во 2018 година британскиот The Times се извини откако објави мапа што го претстави Крим како дел од Русија.



![ТРАМП ТВРДИ ДЕКА Е ПОСТИГНАТ ДОГОВОР СО РУСИЈА tramp1[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/08/tramp11.jpg)

