MKinformer

your daily dose of news

Трамп до Зеленски: Не ни треба помош од Украина против Иран, фокусирај се на договор со Русија

15/03/2026 12:12

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека на САД не им е потребна помош од Украина. Ова доаѓа откако Зеленски се понуди во справувањето со иранските беспилотни летала на Блискиот Исток.

Во интервју за „Ен-Би-Си Њуз“, Трамп рече дека не гледа потреба Вашингтон да се потпира на Киев кога станува збор за ова прашање.

Остра порака за Зеленски

„Последната личност од која ни треба помош е Зеленски“, изјави Трамп.

Тој, сепак, не потврди ниту негираше дали САД евентуално прифатиле украинска помош поврзана со технологијата за пресретнување беспилотни летала.

Воедно, Трамп упати и нови критики кон украинскиот претседател Володимир Зеленски. Според него, со Зеленски е многу потешко да се постигне договор отколку со рускиот претседател Владимир Путин. Ова го изјави во контекст за напорите за завршување на војната во Украина.

„Путин е подготвен за договор“

Трамп рече дека е изненаден што Зеленски не сака да постигне договор.

„Кажете му на Зеленски да склучи договор, бидејќи Путин е подготвен за договор. Многу е потешко да се преговара со Зеленски“, порача американскиот претседател.

Овие коментари доаѓаат во време кога Трамп се соочува со критики од светски лидери поради одлуката на САД да ублажат дел од санкциите за руската нафта.

Порака и за руската нафта

Објаснувајќи ја таа одлука, Трамп рече дека сака светот да има доволно нафта.

„Сакам светот да има нафта. Сакам да имам нафта“, изјави тој.

Притоа додаде дека санкциите воведени по руската инвазија на Украина повторно ќе бидат вратени откако ќе заврши актуелната криза.

Зеленски: Испративме експерти во три земји

Претходно, украинскиот претседател Зеленски изјави дека земји од Блискиот Исток побарале од Украина да го сподели своето искуство во пресретнувањето на иранските дронови „Шахед“.

Според Зеленски, Киев веќе испратил групи експерти во три држави.

Изјавите на двајцата лидери покажуваат колку се различни нивните ставови и околу Украина и околу пошироката безбедносна состојба на Блискиот Исток.

error: Содржината е заштитена од копирање !!